Салатава подготвена за повод на кој ни гостуваше и една другарка на син ми со вегански стил на исхрана. Како ние редовно постиме, не ми беше тешко да ја угостам со домашно подготвена храна, а започнавме со освежителнава салата.

Подготовка
1. Го ставаме гравот да се вари, па го процедуваме од водата.
2. Ги сечкаме доматите, краставицата и кромидот на ситни коцки.
3. Го додаваме гравот, соединуваме, зачинуваме.
4. За преливот ги соединуваме сенфот, балсамико оцетот и маслиновото масло.
5. Ја прелеваме салатата со овој дресинг и промешуваме, па сервираме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани