Прво ги правиме вафлите.
Во еден подлабок сад ги ставаме јајцата и шеќерот и матиме со миксер. Кон ова ги додаваме сите останати состојки. Се добива погуста смеса.
Се загрева тавчето на умерена температура (од 6 максимум,уклучувам на 4). Јас моите ги правев во модли во форма на ѕвезда, ама може да се пржат и како обични кругови. Да напоменам дека за секоја нова палачинка се достава по малку масло во тавчето.

За сосот со малини се ставаат во сад малините,шеќерот,ванилата, циметот, сокот од портокал и 125 мл.вода и се става на оган. Посебно се мешаат 1 лажица густин, 1 лажица шеќер и 100 мл.вода. Кога ќе зовријат малините се додава смесата со густин и се меша 1 минута.
На вафлите одозгора им се додава чоколаден крем и одозгора се полева со топол сос од малини.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови