Ова и не е некој рецепт, туку повеќе идеја за едена поинаква пица.

Апаратот за вафли вклучете го на највисоката температура да се загрева.
Отворето го тестото за пица, на половината од него ставете малку од ренданиот кашкавал. Преклопете и со прсти убаво затворете ги краевите од тестото.
Премачкајте ја со зејтин површината за печење на апаратот за вафли и ставете го тестото да се пече.
Рерната вклучете ја да се загрева на 200 степени.
Откако тестото се испекло, тргнете го на страна, премачкајте со кечап или сос за пица, ставете од ренданиот кашкавал (оставете од него на страна 1-2 лажици), наредете го сувемеснатото, ставете во плех и потоа во рерна да се печи 10-15 минути. 5 минути пред крајот ставете го останатиот рендан кашкавал и оставете да се допече.
На здравје.

Состојките кои ќе ги ставите врз пицата се секако ваш избор. Големината на вафел пицата одредете ја во зависност од тоа колкав е апаратот за вафли, доколку е помал тестото пресечете го на половина и печете го на два пати.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани