Брзо, лесно и со едноставни состојки.
Ровки колаченца кои може да стојат долго време. Иако немаат шеќер во тестото, убаво се благи.
Како за нешто што го смислив супер испаднаа. Ги правевме дома неколку пати, секогаш во големи количини. Пилиштарциве ги јадат и со млеко и како попара.

Маста и брашното месете ги додека убаво не се соединат. На крај додавајте го киселото млеко лажица по лажица, месејки убаво и според потреба. Се додава полека за да не испадне тестото многу лепливо.

Рассукајте кора, вадете форми по желба и печете на 200 степени, од прилика 10-15 мин.
Додека се толпли валкајте ги во шеќер во прав и оставете ги на отворено убаво да се оладат.

Среќни празници :)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани