1. Брашното се става во вангла, се додава масло и вода и се замесува тесто.
2. Тестото се дели на два дела.
3. Двата дела се расукуваат во две кори.
4. Секоја расучена кора убаво се наросува со пудинг од ванила.
5. Секоја расучена кора потоа се дипли да се добие лента.
6. И добиената лента се наросува со пудинг од ванила.
7. Пак се дипли, а потоа се расукува во конечна кора, која се става на дното на тавата за печење 36.
8. Јаболката се лупат, се сечат и се рендаат директно врз кората.
9. Прво рендаме една третина од јаболката, ставаме 1 кесичка ванила и пола лажиче цимет во прав.
10. Потоа рендаме втора третина, ја ставаме втората ванила и уште половина лажиче цимет (ама циметот може и да не се стави).
11. Ја рендаме и последната третина од јаболката, и убаво ги распоредуваме врз целата површина на тавата.
12. Врз јаболката ја ставаме втората кора изработена на ист начин како првата.
13. Готовата пита ја сечеме на парчиња со сакана големина.
14. Ја преливаме со 150 мл. зовриено масло, и веднаш ја ставаме на печење, на 180 степени во загреана рерна.
15. Се пече околу 20 минути, додека убаво да позлати одозгора.
16. Потоа, испечена, питата се покрива со крпа и се остава околу половина час да се излади пред да ѝ се нароси шеќер во прав и да се послужи.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови