- Јајцето и на собна температура омекнатиот маргарин се мешаат заедно со шеќерот и ванилата. Се додава брашното, се меси тесто кое е лепливо, се става во фрижидер да одстои за полесно да се оформува.
- Се прават топчиња зависно колку големи сакате да ви бидат колачињата.
- Лесно се мати јајцето во кое секое топче ќе го премачкате, налегнете на средината од топчето за да направите вдлабнатина, извалкајте го во кокосот. Ставете да се печат во претходно загреана рерна на 180 степени. Печени извадете, нека оладат и полнете ги со желиран мармалад, слатко, мед... изборот е ваш.
Напомена
- За да го направам местото за мармаладот ја користев црпалката за мед.
- Сокот од малини (за кој има овде рецепт) го разредив малку со вода и повторно го варев додавајки Желин. Откако се оладија колачињата, ги полнев а во овој случај, преполнив.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани