Подготовка на карамел кремот
- Шеќерот и путерот заедно се топат на тивок огин со постојано мешање. Се додава солта и слатката павлака која е претходно малку загреана. Се трга од огин и се меша се заедно да се соедини. На крај се додава ванилата. Се остава да се излади.

Подготовка на ванила кремот
- Се вари крем од млекото и густинот. Се трга од огин и веднаш се додава чоколадото да се растопи во топлиот крем. Се остава да се излади кремот, а потоа се додава крем сирењето и заедно се мешаат со миксер се убаво да се соедини

Подготовка на бисквитот
- Растопениот путер се додава во путерот. Се додава и ладното млеко и се заедно се меша со лажица.

Подготовка на десертот во чаша
- На дното јас ставив прво карамел но топло ви препорачувам да ставите прво многу малку од бисквитот па потоа од карамел кремот. Врз него еден слој бисквит, па потоа овошно полнење од вишни, а врз нив крем од ванила.
За декорација може свежа јагода, свежо нане и ванила стапче како во мојот случај.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани