1. Прво се матат јајцата со шеќерот и ванилата.
2. Се додаваат течните состојки, а потоа и сувите и се доматува.
3. Готовата смеса се префрла во намрсена тава за печење 36.
4. Се пече пандишпан, околу 20 минути на 180 степени. Нека се излади.
5. Потоа се дели на два дела по хоризонтала.
6. Од 800 мл. млеко одземаме 200 и во тој дел се раствораат пудинзите.
7. Поголемиот дел од млекото се вари со шеќерот до зворивање.
8. Растворените пудинзи ги додаваме во млекото кое врие и вариме густ пудинг.
9. Во жешкиот пудинг се додава маргаринот, и треба целосно да се растопи.
10. Потоа се додаваат искршени бисквити во кремот.
11. Се меша убаво се, да се соедини целокупниот крем.
12. Од готовиот крем тргаме 3 лажици на страна.
13. Кремот го истураме врз првата кора.
14. По желба, за да бидат посочни, корите може да се попрскаат со млеко.
15. Поклопуваме со втората кора.
16. Втората кора ја премачкуваме трите лажици од кремот.
17. Посипуваме со кокос, оставаме колачот да се стегне неколку часа, потоа сечеме и послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови