Во вангличка ги ставме салото и шеќерот во прав и матиме 5 минути со миксер, односно салото треба да стане пенасто.
Ги додаваме јогуртот и ванилите и повторно соединуваме со миксер.
Сега го додаваме просеаното брашно и месиме со рака.
Ќе добиеме мазно, нелепливо тесто.
Тестото го делиме на 2 топки.
Од секоја топка сучиме коричка и со помош на модлички, по наш избор вадиме ванелици.
Ги редиме во ненамастен плех.
Ги печиме во загреана релна на 190 с, околу 10-13 минути.
Внимаваме да останат бели.
Ги оставаме во плехот 5 минути да подизладат.
Потоа ги лепиме две со две, со мармалада по вкус или ги оставаме самостојно.
Нежно ги посипуваме со шеќер во прав и ги послужуваме овие исклучително кревки ванелици.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани