1. Подготовка на ќофтињата
Во подлабок сад се става месото, му се додава истно исечканиот кромид, јајцето, зачините, магдоносот и во сечко исечканото суво лепче. Од сите состојки се замесуваа смесата се остава најмалце половина час да се примат сите состојки. Потоа од смесата се прават мали колку орев ќофтенца. Се пржат во подлабока тава во жешко масло. Со лажица-решетка се вадат и се тргаат настрана.
2.Подготовка на сосот-манџата
Ако во тавата каде ги пржевме ќофтенцата има многу масло се одстранува, и во истото масло се запржува главицата кромид претходно ситно исечкана. Откако ќе стане стаклест кромидот се додава оризот и кратко се пропржува. Се додаваат ќофтињата, и веднаш после тоа се додава црвениот пипер. Кратко се пропржува сето зедно и се додаваат доматата и водата. Откако ќе зоврие се додаваат зачините и се намалува огнот.
*Бидејќи оризот брзо се вари, а манџата треба да биде погуста пожелно е водата постепено да се додава.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови