Ова е еден едноставен и брз оброк, кој добро ќе ви дојде за замена на месо или како соодветен веге оброк.

1. Буковките се маринираат со сок од лимон, сол, бибер и маслиново масло, околу половина час.
2. Потоа се пржат на грил тава, без да ставите масло.
3. Откако ќе изврие водата што ја пуштаат самите буковки, се додава павлаката и се намалува на тивко да крчка на кратко, односно 1 мин. Ако оставите подолго, целата павлака ќе се згусне и нема да имате сос.
4. Вака подготвените буковки се наросуваат со ситно сецкан магдонос и убаво се промешуваат.
5. На крај ставете ги во танир и наросете со пармезан.
6. Одлично одговараат со свежа марула салата, прелеана со лимонов сок и маслиново масло.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови