Најпрво се спрема ронливото тесто.
Се мешаат сувите состојки и потоа се тријат со маргаринот низ раце.
На крај се додава јајцето и се замесува глатко тесто.
Тестото се остава во замрзнувач половина до час време.

Се матат јајцата со шеќерот до згуснување. Се додаваат останатите состојки со кратко миксирање и намалена брзина на миксерот.

Се вади ронливото тесто од замрзнувач и се ренда во кекс смесата.
Оваа смеса се истура во намастена тава 20х30 и се печи на 160С околу 45 минути.

Пола од млекото за крем се раствора со брашното, а остатокот со шеќерот се загрева до вриење. Му се додава раствореното брашно и се вари крем. Се додава ванила шеќерот и маргаринот. Се меша интензивно додека не стани мазен, свиленкаст крем. Овде можи да користите и миксер ако сакате.

Со кремот се премачкува колачот. Врз него се редат боровинки, па се прелива со црвениот прелив претходно подготвен спрема упатството .

Како кај нас ретко има црвен прелив, јас користев безбоен кој го растворив со домашен сок од вишни за да ја добијам бојата, а со неа си добив и додатен вкус на колачот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани