За брокулата и не треба многу да пишувам.
Мислам дека сите знаеме колку е здрава и потребна на нашиот организам.
Лично јас ги конзумирам многу, па би сакала да ја споделам идејата на кој начин ја конзумирам најчесто.

Брокулите измијте ги добро и поделете ги на цветови.
Наредете ги во апаратчето за јајца.
Има посебно чиниче за готвење на пареа.
Затворете го капакот и оставете апаратот да си ја заврши работата.
Кога се брокулите готови, веднаш уште жешки, ги посолувам и попрскувам со балсамико. Отавам да постојат па го додавам маслото.
Ова ми е најчестиот рецепт кој го приготвувам дома.
Може да помине и како оброк, а исто и како салата или додаток на останатата храна.,
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови