Многу брз и едноставен колач, за кој не ви треба ни миксер.
Најпрво рерната се вклучува на 180 степени да се загрее додека ја подготвуваме смесата за куглофот.
Ги мешаме во еден длабок сад брашното, какаото, солта, шеќерот и содата. Додаваме вода и мешаме со жица за матење. Додаваме и една лажичка бел оцет и маслото. Смесата ја испураме во калап премачкан со маргарин. Печиме 20-25 минути на 180 степени.
Готовиот и изладен куглоф го посипуваме со шеќер во прав или по ваша желба може со растопено чоколадо.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови