Земаме правоаголен послужовник на кој ставаме најлонска фолија.
Пишкотите ги натопуваме и редиме на послужовникот во два реда по 10 пишкоти.
Оставаме убаво да впие млекото во пишкотите.
За тоа време го подготвуваме кремот.
Во половина од млекото го раствараме брашното и какаото. Лажиците со какао треба убаво да се полни .
Во другата половина од млекото го ставаме да зоврие со шеќерот.
Кога ќе зоврие го додаваме раствореното брашно и какао и мешаме додека да добиеме густ крем.
Кремот веднаш го нанесуваме врз пишкотите израмнуваме на средината ги ставаме бананите. Ако се големи ги поскратуваме страните.
Со помош на фолијата формираме ролат. Оставете да се убаво излади можете да го ставите и во ладилник откако малку ќе излади.
Потоа отстранете ја фолијата и декорирајте со изматен шлаг со млеко.
Многу лесен и брз ролат исто така и вкусен.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови