Кога имаш другарка што веќе ја мрзи да поставува рецепти на странава, ќе си добиеш права да го објавиш нејзиниот рецепт.
Кажете ѝ фала на Шарам барам за рецептов. Преубав е и прелесен за подготовка.

Јаболкото изрендајте го, морковите исто така изрендајте ги, додадете ги сите останати сосотојки и мешајте со лажица додека смесата не се изедначи.

Сипете ја во сад за печење и печете 20-30 мин на 200 степени, во зависност од рерната. Проверете со чепкалка или нож дали е готово.

Количината на брашно зависи од сочноста на јаболката и морковите.

За прелив, на тивокоган ставете го чоколадото и маслото, убаво да се стопат и прелејте го колачот. Оставете да се олади и сечете парчиња.
Доколку сакате, можете колачот да го исечете на парчиња, па потоа да го прелеете со растопено чоколадо.
Јас печев во силиконски калапчиња како на фотографијата.

Во една од подготовките на колачов не ставив јајца, немаше некоја разлика, значи можете и без јајца да го приготвите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани