Во сад измешајте ги водата и маслото.
Во друг сад измешајте ги брашното, шеќерот во прав и пецивото.

Во садот со сувите состојки постепено мешајќи со жица додајте ја мешавината од вода и масло.
На крај додајте прстофат сол и убаво измешајте.

Поделете ја смесата на 2 дела.
Во едниот дел додајте го какаото и рогачот.

Во калап за векна ставете ја најпрвин белата смеса.
Одозгора ставете ја темната смеса со какао и рогач и благо со вилушка промешајте.

Печете на 180 степени 30 минути.

Откако ќе се испече, оставете убаво да се олади и бидејќи не е многу благ по желба може да си го посипете со шеќер во прав.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани