1. Почнувајќи од брашната, се мешаат сите состојки заедно (освен содата и пецивото) со дрвена лажица или миксер.
2. Добиената смеса се остава да отстои 3 – 5 часа на собна температура, покриена со стреч фолија.
3. После тоа поминато време, се додаваат сода и пециво и се промешува убаво со дрвена лажица, или миксер, истото што се користеше и претходно.
4. Тогаш ќе видите дека смесата станала растеглива и воздушеста, многу мека и фина.
5. Рерната се загрева на 250 степени.
6. Со влажни раце земаме од смесата и формираме лепчиња.
7. Може да се наплескаат како плескавици, само малку повисочки, и така се идеални за полнење и правење сендвичи откако ќе се испечат.
8. Се наросуваат со семки по избор, откако претходно ќе се наредат во плех за печење обложен со пек хартија.
9. Откако плехот ќе се стави во рерна, рерната се намалува на 180 или 150 степени.
10. Лепчињата се печат 20 – 30 минути на таа темпепратура.
11. Кога се печени ќе поруменат и ќе испукаат на површината.
12. Откако ќе се испечат се оставаат на ладно да одморат 1 час.
13. Потоа ги виткаме убаво во крпа и така треба да отстојат 5 – 7 часа.
14. Бидејќи често ги правам на овој начин, неколку пати имам додадено сецкани чварки и така се многу вкусни. На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови