Се мислев дали да ги објавам овие крофнички. Многу се лесни и брзи и одзимаат многу малку време за приготвување и би можеле да се јадат и со благо и со солено.

Смесата се замесува со лажица.

Во длабок сад ја ставаме прво топлата вода па потоа квасецот, солта, шеќерот и мешаме додека не се растопи. Откако ќе се растопи го ставаме зејтинот, а пак брашното го додаваме со лажица (една по една) и постојано мешаме со лажицата додека тестото не се згусне и стане лепливо

Тестото треба да биде густо, но и лепливо.

Така оваа смеса се остава од прилика некои 20-тина минути да нарасне.

Откако ќе нарасне смесата земаме една лажица и прво ја потопуваме лажицата во зејтин, па потоа со неа зимаме од смесата и ставаме да се пржи во врел зејтин.

Приготвените крофнички може да се јадат и со благо и со солено.

Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови