Таков ми е периодот, експериментирам со ѓевреци, лебови, печива...барам поедноставни и побрзи варијанти зашто искрено ако ми требаат саати за да направам еден леб, побрзо ќе одам да го купам хехехе. Овие лепчиња се баш ко за мене, дур ставам кафе да ми се вари, ги мешам состојките, дур го пијам кафето се накрева тестото и после само го делам и го печам-побрзо, амин.
Имам сличен рецепт на овој со млеко во тестото, овие се посни.

Подготовка

Во вангла, ставете го квасецот и млаката вода само да се раствори квасецот, и додадете прстофат шеќер.
Додадете го брашното, 1 лажица масло, солта и измешајте со лажица, можи да користите и миксер со маталките за тесто, ама нема потреба.
Оставете го тестото покриено да се накрева околу 30 мин.
Вадете од смесата со лажица на плех обложен со хартија. Од оваа смеса ќе добиете 6 лепчиња.
Намаслете ги рацете и оформете ги лепчињата и премачкајте ги лепчињата со масло.
Оставете ги уште 15тина минути да се накренат. По желба, посипете ги со брашно за порустичен изглед.
Печете 20тина минути на 180 степени.
После печењето, нека стојат малку покриени со крпа.
Вашиот домашен леб е подготвен за јадење. На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови