Многу вкусни ситни колачиња посебно за љубителите на кокосот.
Рецептов го сретнав на интернет, многу е брз за правење, а млекото во прав дава посебен вкус.
- Во подлабока чинија се става кокосот, млекото во прав и шеќерот во прав.
- Се мешаат сувите состојки, кои ќе напоменам дека се таман по мерка.
- Се става слатката павлака и се измесува убаво со рака.
- Смесата е убава и без проблем се прават форми.
- Се прави првин мала бомбица која потоа се сплескува и се прави форма на ваљаче, но може да си остане и бомбица (по ваш избор).
- Се топи чоколадото со малку масло и се шарат колачињата.
Излегуваат околу 35 колачиња.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани