Се меша брашното со солта и пецивото и се додава јогуртот. Повторно се меша со лажицата, па потоа со рака се домесува тестото. Ако има потреба на крај посипете некој прст брашно, бидејќи зависи густината на јогуртот кој се користи (јас користам битолски) .

Во намастено тавче 20х25 се расплескува тестото со дланките рамномерно насекаде. Ако ви е полесно можи да го расучите со сукало.
Одозгора се премачкува со 1 лажица маслиново масло. Ако го плескате со дланка, тогаш исто со неа и размачкајте го насекаде.

Доматот се сечи на кругови, маслинките се чистат од коските и се сечкаат на кругови, а кромидчето (најмалото кое го имате, колкуи пинг понг топче) се сечи на пола и секоја се сечка во лентички. Пред праг на зимата, па користев зимница од мали пиперчиња полнети со изварка кои му дадоа особен допринос во јадењето, но ако немате, можите да ставите ситни купчиња изварка, што секако не е задолжително.

Сето ова се распоредува врз тестото и се притиска во него, па пред крај распоредете ги ливчињата магдонос (за жал мојот не се приметува многу во контрастот на бои, бидејќи немав свеж, па користев замрзнат) и на крај посипете го сусамот.

Печете во загреана рерна на 180-200С 20на минути. Температурата е варијабилна и зависи од силата на самата рерна. Мојата е таква, па јас печев на 180.

Препорачливо е да се јади топло, иако и оладено е одлично.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани