Пребарувајки по интернет најдов неколку интересни рецепти. Кај некои ми се допадна филот, кај некои подлогата, па ги искомбинирав и не згрешив.

Во оргиналниот рецепт за подлога се впишани ѓумбир колачиња. Бидејки такви нема да се купат, јас ги направив Деликатно С, но додадов ѓумбир во смесата.
Но сметам дека убаво ќе биде и со обични мелени бисквити, со додаден ѓумбир во прав. Вие одлучете :)

Прво направете ја подлогата. Бисквитите измелете ги, путерот растопете го и измешајте ги убаво. Натапкајте ги на тавчето или садот во кој што сакате да ја проготвите тортата.
Ставете во фрижидер да се стегне.

Млекото или водата ставете ја на оган да се вари. Мал дел одвојте за да можете да го растворите пудингот.
Додека течноста се вари, додадете го ѓумбирот, убаво да се соединат вкусовите.
Кога ќе почне да врие, додадете го растворениот пудинг и мешајте убаво да се згусне.
Оставете да се олади. Кога ќе се подолади, додадете го сокот од лимон и убаво измешајте.
Доколку го правите со вода, сокот од лимон можете веднаш да го додадете.

Подлогата премачкајте со карамелот.

Над карамелот ставета го пудингот, убаво израмнете и оставете да се олади.

Ете толку малку време треба. Неполни 30 мин. чекањето да се олади е најстрашното :D

За подлога користев домашни колачиња Деликатно С.
Ѓумбирот го приготвувам сама по ОВОЈ рецепт.
Карамелот е по рецептот на наша Љиља <3
Лимонот НИКАКО не го ставате во млекото бидејки ќе го направи урда. Или приготвувајте го со вода или додадете го сокот подоцна, од како ќе биде готов пудингот.
Јас го приготвував во силиконско калапче, па лесно беше за вадење. Подлогата е цврста, пудингот стегнат и немаше проблем.
Доколку немате силиконско калапче, во тавчето убаво наместете хартија за печење и пред сервирање, извадете ја тортата со помош на хартијата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани