Многу брз и едноставен рецепт а е вкусно, ровко и фантастично мириса. Со години не сум го направила и ете денес му дојде редот.

Путерот, шеќерот и ванилиниот шеќер со миксер ги матиме да стане пенасто. Ги кршиме петте јајца и една по една ги додаваме жолчките, а белките ги оставаме во друг сад на страна. Го тураме млекото и афионот, предходно сомелен во машинка за мелење шеќер. Ја додаваме и ренданата кора од лимонот. На крај го додаваме и брашното помешано со печивото. Со иксерот на бавна брзина мешаме постојано.

Кога смесата е изедначена, со миксерот матиме цврст снег од белките и го додаваме во садот со смесата. Убаво промешуваме да се изедначи густината и целата смеса ја истураме во правоаголна тава бр 40, предходно намрсена со путер и посипена со брашно.

Печеме 40 минути на 180 степени. Мирисот во кујната ќе ви биде неодолив.

Кога е готово, оставаме убаво да се излади и потураме со глазура од растопено чоколадо со малку путер и млеко.

Наздравје благце.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови