Со малку состојки и малку поминато време во кујна, имаме прекрасен појадок или вечера.
Користена е чашка од јогурт од 180 мл.

Во вангличка ги ставаме јајцата и солта и матиме со миксер да побелат.
Со исклучен миксер додаваме бибер, пециво, масло, јогурт, брашно, урда, добро исцеден спанаќ
Со шпатула убаво ја соединуваме смесата.
Ја истураме во правоаголна ростер тава 30х20 цм или округла тава бр 26, која танко е премачкана со масло и наросена со брашно.
Посипуваме сусам.
Печиме во загреана рерна на 200 с. Околу 30 минути.
Оставаме малку да се излади, па сечеме на парчиња и послужуваме..

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани