Супер идеја да се искористи лебот кој ви заостанал, а да не се фрли.За доручек или за вечера, а додатоците може и да ги промените, некако ова му доаѓа како да се испразни фрижидерот, да се стави се што заостанало, а сепак да биде мноооогу вкусно.
Лебот искинете го на ситно. Јајцата, јогуртот и маслото измешајте ги и турете ги над лебот. Додајте ја исечканата печеница, изронетото сирење и исечканото кромитче. Измешајте убаво.
Тавата во која ќе печете премачкајте ја со маргарин. Турете ја смесата и малку израмнете ја со лажица.
Печете во загреана рерна на 200 степени се додека убаво не зарумени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови