Многу едноставно се прави, а изгледот и е баш убав...
Квасецот, млекото, шеќерот и малку брашно измешајте ги и иставете ја смесата настрана, петнаесетина минути.
Потоа додајте ги другите состојки, а брашното постепено, месејќи. Не се додава целото брашно одеднаш, па кога ќе видите дека се формирало тесто, набрашнете ја работната маса па продолжете со месење.
Покријте го и оставете го отприлика 1 сат да се дуплира, да скисни.
Поделете го на 4 дела. Секој дел малку расучете го, премачкајте го со дел од маргаринот и ставете од изварката. Повторете ја постапката и со другите два дела од тестото и редете ги едно врз друго. Последниот дел исто расучете го, но не го мачкајте туку ставете го најгоре.
Сега со раце стегајте го одозгора, да го развлечете во големина на пекачот.
Пресечете го на 4 дела, секој дел измотајте го и ставете ги во пекачот кој сте го обложиле со хартија.
Можете одма да го ставите во ладна рерна па да ја приклучите на 200 степени или да ја оставите погачата најпрво да скисни, премачкајте ја со јајце, наросете сусам и печете во загреана рерна се додека убаво не зарумени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови