Рецепт од мојата пријателка.
За вкусот не зборувам сами пробајте.
Месото исецкајте го на коцки, па прелејте го со 100 мл вода во која го истолчивте лукот.
Зачинете го и завиткајте го во најлонска фолија и оставете да го отстои преку ноќ во фрижидер.
Другиот ден извадете го и сомелето го на машинка.
Поминете го два пати да биде убаво мелено.
Додајте го кајмакот и содата бикарбона,па оставете уште 2 часа на собна температура.
Потоа формирајте ги кебапите.
Претпорачувам да не се користи масло додека се печат или печете ги на скара или на тава во која нема да ставите воопшто масло.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови