Многу едноставни и екстра вкусни бомбици кои нема да ви одземат многу време за подготовка. Ви ги препорачувам!
1. Чајните колачиња ги кршиме, некои на поголеми, а некои на поситни парчиња.
2.  Ги додаваме толчените ореви и рендана кора од половина портокал
3. Полеваме со сок од половина цеден портокал
4. Го топиме чоколадото со путерот и кога се стопени додаваме во колачињата
5. Со рака формираме бомбици и од горе ставаме парче слатко од кора од портокал.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови