Многу вкусни бомбици за кои ќе ви треба не повеќе од 15 минути!
1. Бисквитите ситно ги мелеме
2. Водата со шеќерот ја вариме околу 1 минута отакако ќе зоврие.
3. Во бисквитите го додаваме експандираниот ориз и нутелата и мешаме.
4. Во тенок млаз го додаваме шербетот со постојано месење на смесата. Можеби нема да ви треба цел шербет(се зависи од типот на бисквитите што ќе ги користите)
Кога смесата е компактна со рака формираме бомбици кои ги ставаме во хартиени корпиња.

Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови