Еве еден мој изум инспириран од натпреварот на тема десерти со афион. Многу лесни бомбичиња, се прават за помалку од 30 минути, од оваа смеса јас извадив 32 парчиња.
1. Во сад на оган измешајте ги водата, шеќерите и маргаринот.
2. Варете на тивок оган додека да зоврие смесата.
3. Кога смесата ќе се изедначи и зоврие, тргнете на страна, нека одмори минута – две, па додадете ги бисквитите, оревите, промешајте, додадете ги афионот и брусницата и добро измешајте ја целата смеса. Ако сметате дека смесата ви е премногу течна, пробајте со рака дали ќе можете да формирате топче. Ако не можете додадете уште малку мелени бисквити.
4. Со рака формирајте ги бомбичките со сакана големина.
5. Оставете малку да се стегнат, па послужете. Толку!
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови