Превкусни посни бомбици..

- Пченицата се мие и се вари според упаството.
- Јаболките се лупат и сецкаат на ситни парчиња. На тава заедно со кокосовото масло се готват се додека не омекнат, се додава кафеавиот шеќер и медот. Се лади.
- Оревите се сецкаат, смесата од јаболката се блендира или со вилушка се пасира до мазна смеса, се додава варената пченица, румот и оревите и се се соединува во блендерот.
- Се става во фрижидер да се стегне 1 час.
- Се формираат бомбици кои се валкаат во кокос.

Напомена
Наместо ореви може и бадеми, лешници итн.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови