Стар рецепт на мајка ми за прекрасна божиќна баклава. Одамна не сме ја приготвувале, па овој Божиќ решив јас да ја подготвам.
1. Јајцата се матат со шеќерите.
2. Се додава масло, па брашно и пециво, се мати убаво се, па на крај се додаваат оревите и се промешува со лажица.
3. Корите отпакувајте ги и поделете ги на три дела – ако во пакувањето има 15 кори поделете на три места по 5 кори.
4. Филот се дели на 2 еднакви дела.
5. Тавата во која ќе ја редите баклавата малку намрсете ја со масло.
6. Ставете три кори, попрскајте малку масло, па уште две кори.
7. Врз петтата кора нанесете ја првата половина од филот.
8. Пак наредете три кори, пак попрскајте масло, па уште две кори.
9. Пак нанесете фил.
10. Уште еднаш наредете три кори, попрскајте со масло, па затворете со две кори.
11. Ќошињата од секоја кора уредно соберете ги низ баклавата, да не стрчат надвор.
12. Исечете ја баклавата на парчиња, па попрскајте ја со уште малку масло.
13. Печете 20 – 25 минути на 200 степени во загреана рерна.
14. Печена е кога како пандишпан ќе нарасне и ќе се оддели од краевите на тавата.
15. Нека се излади.
16. За тоа време пригответе го шербетот (може да му додадете арома по желба – ванила, сок од лимон или портокал, рум итн.).
17. Водата и шеќерот нека зовријат и нека вријат 5 минути со исклучена рингла.
18. Изладената баклава уште еднаш убаво расечете ја на парчиња, па потопете ја со врел шербет. Оставете да се впие убаво, па послужете.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови