Едно од омилените мои јадења, баш со вакво полнење чварки и урда.
Често го спремаше мајка ми, а богами и јас сега.

Во сад ставте го квасецот, шеќерот и малку брашно.
Додадете малку млака вода и оставете да стаса.

Во сад за месење ставете го брашното, маслото и солта.
Додајте го квасецот и со млака вода замесете средно меко тесто.
Поделете го тестото на 5 топчиња.

Секое топче тесто расукајте го во кора голема колку плехот во кој ќе печете(јас користев бр. 28).

Ставете ја првата кора во намрснат плех.
Попрскајте ја убаво со масло.
Нанесете од рикотата(урдата) и чварките.

Повторете ја постапката со другите топчиња тесто.

На последната кора не се става од рикотата и чварките.

Вака спреманиот боденик исечете го на коцки, попрскајте убаво со масло и оставете да стаса убаво.

Печете на 200 степени додека зарумени.

Послужете го со кисело млеко, јогурт, кефир, ајран....по желба.

На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани