Тиквичките излупете ги, изрендајте и ставете ги со шеќерот во сад на оган. Динстајте ги со повремено мешање додека испари водата што ќе ја пуштат тиквичките. Пред крај додадете го циметот, тргнете од оган и оставете да се излади.

Во подлабок сад изматете ги убаво јајцата со шеќерот, додадете го гризот, ванилата, пецивото брашното и аромата ванила и се убаво измешајте. Тавчето за печење премачкајте го со зејтин.
На работната маса ставете една кора, премачкајте ја со зејтин, ставете друга кора одозгора и ставете две лажици од тиквичките, распоредите ги на цела кора па ставете 3 лажици од смесата со јајцата, врз нив ставете пак кора и повторете ја постапката 3 пати.
Значи да имате 6 кори на едно место и завиткајте ролат. Повторете ја постапката уште еднаш и направите уште еден ролат.
Ролатите ставете ги во тавче, премачкајте ги со зејтин и поросете ги со шеќер.
Печете во претходно загреана рерна на 200 степени околу 45 минути. Кога е печена питата, извадете ја од рерна, покријте ја со влажна кујнска крпа и оставете да се излади.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови