Омилените во нашиот дом.
Домашно подготвени бејкролс кругови.
Подготовката е следна.
Лепчињата тост ги редиме на даска и со помош на чашка за ракија, вадиме округли форми.
Ги дупчиме во средината и ги редиме на хартија за печење.
Коцката супа ја раствараме во млака вода и со помош на пумпица ја распрскувме врз круговите.
Наросуваме мешан зачин, рузмарин и босилек.
Попрскуваме масло, ставаме да се печат околу 5 минутки во загреана рерна на 200 степени.
Вадете ги и оставете да изладат.
Ова е мојот начин на домашен бејкролс.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови