Чоколадото искршено на коцки, путерот, медот и шеќерот се загреваат на ниска температура додека се растопат и соединат.

Потоа тенџерето се трга од рингла и се остава да подизлади 5 минути со повремено мешање да не фаќа кора.

Му се додаваат прво семињата и лимон шеќерот, се меша и на крај се додава корнфлексот. Зависно колку густи ги сакате или пак колку ќе прима основата е ставите и корнфлекс, значи +/- околу 90на гр. Еве, кај мене 100 гр собра.

Со мало лажиче се ставаат купчиња во хартиени корпиња. Се оставаат кратко време да се здрват и спремни се за јадење.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани