Многу вкусна и декоративна бајадера.
1. Најпрво се подготвува кафеавиот дел. Маргаринот се сецка на парчиња и се бие заедно со шеќерот во прав, да се добие убава кремаста смеса. Се додаваат бискитите и млекото/вода. Се замесува тесто, и се става во калап обложен со најлонска фолија.
2. Чоколадото се растопува на пареа заедно со 2 лажици масло, па се прелева врз кафеавиот дел. Се остава да се стегне.
3. Шеќерот и водата се ставаат во тенџере на оган, да зоврие. Се вари неколку минути на тивок оган, шеќерот убаво да се растопи. Околу 5 минути. Се трга од оган, па се додава маргаринот исецкан на парчиња, се бие со мати со миксер околу 5 минути да се згусне и изедначи смесата. Се додава млекото во прав, се соединува со миксерот, па се прелева врз чоколадото.
4. Се остава да се стегне, па се сече на парчиња.

Забелешка - белиот дел може да ви изгледа леплив, но кога ќе се излади ќе видите дека ќе се стегне.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови