Ете така кај нас често се случува да останува и по цел леб и никој да не го јади. Често му го давам на птиците надвор зимно време, но бидејќи овој цел ми остана, решив да го испечам за нас. Често пати имам приготвувано ваков леб и обично состојките се тие што ги имам во фрижидерот, не планирам што да ставам, тоа што имам-тоа.

Подготовка

Исечете го лебот на парчиња, но не до крај.
Додадете парчиња кашкавал измеѓу.
Ставете путер измеѓу и одозгора.
Додадете сецкани маслинки и лук помеѓу парчињата.
Додадете оригано (јас користам диво оригано).
Ставете го лебот во тавче за печење покриен со фолија и печете во загреана рерна околу 15 минути на 200 ° С. Потоа отстранете ја фолијата и печете уште неколку минути.
Превкусен е и често го печам ко ќе ми идат гости, а имам нарачано скара. Па уште и макалце со лук ако има, гостите паѓаат во несвест.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови