Јајцата се матат пенесто со шеќерите. На страна се мати шлагот со млекото и газираната вода, на страна слатката павлака.

Во изматените јајца прво се додава шлагот и полека се промешува со шпатула. Потоа во таа смеса се додава слатката павлака. Повторно полека промешуваме со шпатулата.

На крај ги додаваме бисквитите. Повторно полека промешуваме, истураме во пластичен сад претходно попрскан со чоколаден прелив и ставаме во замрзнувач да замрзне.

При служење се украсува по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови