Комбинација на чоколадо и косос-совршенство! Брз колач кој малку наликува во изгледот на бајадера ама со кокос, а вкусот е на баунти, познатите кокосови чоколада.

За првиот дел се мелат бисквитите и чоколадото (јас користев блендер) и се додава млекото, се меси со рака и се плеска во правоаголно или квадратесто тавче.
За вториот дел, се вари млекото со шеќерот и гризот додека не се згусни, па се додава 200 г кокос и се меша. Жежок се нанесува врз првиот дел.

Состојките за глазурата се растопуваат на пареа и кога ќе се изедначи смесата, се потурва врз вториот дел. Се става во фрижидер да се олади па се сечи на правоаголници или коцки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови