Прво ги подготвуваме њоките.
Во нутрибулет ги ставаме јајцето, солта, биберот и варениот батат.
Миксаме за да ја изедначиме смесата.
Го додаваме лажичето маст и брашното.
Замесуваме тестенце, кое е малку лепливо.
Со помош на посип од брашно сучиме 3 ремени.
Ги сецкаме на мали парчиња.
Во касерола налеваме вода да врие.
Во зовриената вода ги спуштаме њоките да се варат, односно од кога ќе испливаат на површината нека варат уште 2-3 минути.
Ги вадиме на чинија.
Во меѓувреме во касерола налеваме масло и го додаваме кромидчето.
Од кога ќе застакли ги додаваме шампињоните сечени на листови.
Пржиме да заруменат.
Зачинуваме.
Го додаваме домашниот доматен сос, па сварените њоки.
Нека крчка на тивко 3-4 минути.
Додаваме сецкан магдонос.
Нека биде сочно, бидејќи њоките ќе си го впијаат доматниот сос.
Сервираме и декорираме со парченца бри сирење.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани