Од наведените состојки замесуваме меко и еластично тесто. Го делиме на 4 дела и од нив обликуваме топчиња. Секое топче го развлекуваме со сукалка во мала коричка ( околу 15-20см.) ги премачкуваме со масло и ги ставаме на чиста кујнска салфетка едно покрај друго. Ги оставаме да одморат едно 15мин.
На маса ставаме чаршаф кој го употребуваме само за таа намена, и почнуваме со развлечување.
Земеме една коричка и најпрво ја развлечуваме преку раце, а потоа ја ставаме на маса и продолжуваме со прстите да ја развлечуваме од сите страни.
Развлечената кора ја попрскуваме со масло и нанесуваме од филот преку целата кора.
Со помош на чаршафот ја виткаме кората.
Баницата се сложува во округла тава така што се почнува од средина.
Се попрскува целата баница со масло и се пече на 200степени 25мин.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани