
18
авг
2018
Банана чоко сорбе
Поедноставен и побрз десерт од овој не постои! А убавината и кремастиот вкус е неспоредлив! Предобрата комбинација на банана со чоколадо, ме натера овој десерт да го повторам неколку пати по ред!
Единствена подготовка предходна за овој десерт е да ги излупите бананите, да ги исецкате на крукчиња и ставете ги во замрзнувач на неколку часа.
Потоа бананите ставете ги во Нутрибулет и миксајте додека да добиете кремаста смеса.
Банана сорбето префлете го во украсна чаша за сладолед, прелијте со чоколаден прелив и декорирајте со чоколадо и банани.
Најубаво оди во комбинација со ладно кафе!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Бананата ми е основна состојка за изработка на посни и вегански сладоледи.