Влажен, сочен и мирисен колач со интересни состојки кои не треба да ве спречуваат да го подготвите, затоа што е навистина вкусен.
Ова е еден од оние колачи кои сакате сами да си ги изедете и да не дадете на никој...Помини, замини, касни си.

Подготовка
1. Ги соединуваме сувите состојки, брашно, зачини, пециво, сода бикарбона, шеќер и какао.
2. Тиквичката ја рендаме, а бананите ги гмечиме со вилушка.
3. Маслото, ванилиниот шеќер и јајцето ги соединуваме и овде ги додаваме тиквичката и бананите. Соединетата смеса ја ставаме во сувите состојки. Интензивно промешуваме со лажица до соединување.
4. Во намрсен и набрашнет калап за куглоф ја истураме смесата и ја ставаме да се пече на 170-180 степени околу 45 минути.

Забелешка
За да видите дали е печен пробајте со чепкалка, ако е сува, печен е колачот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани