Најпрво се спрема шербетот. Се ставаат водата и шеќерот да зовријат, па се остава да врие така 4 минути, се исклучува ринглата и се остава додека се смири течноста во тенџерето. Се трга на страна и се остава да се лади.

Јаболката се лупат и се рендаат. Им се додава шеќерот, ванилата, гризот и циметот. Во филот кој сака можи да додаде и суво грозје или ореви.

Се премачкуваат по две кори со стопениот маргарин и маслото, па на почетокот се става од филот и се витка во ролна.

Се редат во подмачкан плех, а одозгора се премачкуваат со остатокот од стопениот маргарин.

Потоа се сечат на парчиња и се печи на 200С додека убаво не порумени.
Печената врела баклава се прелива со изладениот шербет и се остава неколку часа убаво да се впие.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани