- Месото ставете во кеса за печење или некој друг сад, ставете ги сите состојки, промешајте добро и оставете во фрижидер да се маринира најмалку 3 часа, а може и одвечер. Доколку сте ставиле во кесата за печење, тогаш неколку пати превртувајте како би се добро впивале состојките кои се во него, а ако е во друг сад, откријте го и промешувајте го повремено месото во самата маринада.
- Преместете го месото во сад (ако е во кесата само пропуштете ја во друга кеса, затворете) ако го ставите во тавче, добро промешајте и покријте со капак или затворете со фолија, ставете да се пече на тивка температура. Вака на тивко, 150степени, се пече околу 3 часа и повеќе...
- Морам да кажам ако некој си има Крок-пот, тогаш само ставете месото и вклучете на позиција 2 и ќе биде готово за 6 часа, а ако го ставите на позиција 1 - тогаш ке биде готово за 8 часа. Доколку во него печете, тогаш одеднаш можете да додадете и густинот или брашното растворено во ладна вода... заедно ќе се направи.
- Откако е испечено, извадете од садот, а сосот кој останал згуснете го со 1 лажица нишесте или препржено брашно, но се разбира дека притоа ќе додадете и вода, нека проврие и со него залијте го месото при служењето.
Нека ви е слатко... многу убаво испечено месо... а вкусот - маринадата е таа што го прави тоа.
Рецептот за домашно приготвен сос од калинка можете да го најдете ТУКА.
Рецептот за теријаки сос, може да го најдете ТУКА.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани