Тортава ја најдов на интернет, подготвена од една прекрасна госпоѓа Далматинка-Пупика
Ме привлече необичниот изглед, вкус.
Можеби бара малку повеќе трпение за подготовка, но верувајте дека вреди.
Едноставно тортата е фантастична, како на изглед, така и на вкус.

Прво во тава на оган ги ставаме маслото и путерот.
Ги додаваме резанките јаболка, шеќерот и пржиме за да испари цела течност
Ги додаваме зачините и тргаме на страна за да се изладат.
Сега замесуваме тесто од наведените состојки и го делиме на 3 топчиња.
Секое топче го расукуваме во мала коричка.
Филот од јаболка го делиме на 3 дела и нанесуваме врз секоја кора како на сликата.
Преклопуваме и краевите ги притискаме.
Гледаме сите три ролатчиња да ни бидат скоро исти по големина.
Во тава ставме хартија за печење и ги поставуваме ролатите.
Печиме околу 25 минути на 200 степени.
За тоа време го подготвуваме ванила кремот.
Во касерола налеваме млеко, додаваме шеќер, пудинзи и вариме до згуснување.
Во млакиот пудинг го додаваме изматениот путер.
Јас тортава ја редев во долгнавест калап, во која ставаме хартија за печење, за полесно да ја извадиме од калапот.
Ставаме една кора полнета со јаболка и 1/3 од филот, пак кора, фил, кора, фил.
Убаво израмнуваме и го оставаме колачот убаво да се излади во фрижидер барем 5 часа.
Потоа сечеме парчиња и послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани