Прво во касерола го налеваме млекото.
Тука ги ставаив гранчињата лаванда, да го пуштат мирисот, односно нивните етерични масла.
Може многу ситно да се исецкаат целите гранчиња и така да се вари пудингот.
Но јас после одстојувањето од 30 минути, само го процедив млекото.
Додека стои млекото со лавандата го подготвуваме делот со капини.
Во касерола ставаме 2 лажици вода, шеќер, капини и малини.
Ставаме на тивок оган да се соединат, односно нека провријат 2-3 минути.
Во сад ги раствараме водата и густинот и ги додаваме на претходната смеса.
Вариме додека да се згусни.
Оваа смеса ја распоредуваме во 5 чаши.
Сега во млекото го додаваме шеќерот, пудингот.
Промешуваме убаво да се раствори.
Вариме на тивок оган до згуснување.
Оставаме на страна да се излади, односно повремено промешуваме кремот да не фати коричка.
Во сад ја матиме шлаг пената од ванила со млекото.
Лажица по лажица додаваме од изладениот пудинг и соединуваме со миксер.
Додаваме кисела павлака за да внесиме нота на свежина.
Оваа смеса ја наесуваме врз капина делот.
Декорираме со свежи гранчиња лаванда.
Оставаме во фрижидер 30 миути, па послужуваме.

Ова беше последното кесе од пудинзите кои ги донесов од Чешка.
Првичната идеа ми беше некој десерт со круши да подготвам, но не најдов да купам и завршив со капини и малини.
Спојот на неколку вида овошје беше исклучително вкусен.
Иванна Костадиноооо, јави се...... и прати еден пакет од оваа убавина.
Вкусот е единствен...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани