Брашното ставете го во едно вангличе, додадете сув квасец, сол, шеќер, јајце, топло млеко и замесете тесто. Оставете го да стаса.
Магдоносот ситно исечете го. Маргаринот изгмечете го со рака, додадете го толчениот лук и магдонос.
Стасаното тесто рассукајте го, премачкајте со маргарин, лук и магдонос, завиткајте во ролат. Ролатот пресечете на пола по должина и сплетете го како на фотографиите. Плетеното тесто ставете го во намрсен плех во округла форма и двата краја залепете ги заедно.
Печете во загреана рерна на 250 степени 30 минути.
Многу има убав мирис на лук, пробајте

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани